Бомба за македонците одекна од архивот на американскиот весник “Нов Преглед”! Во 1913 Бугарската армија ги принудува Македонците кои се посебен елемен да служат во бугарската армија

БУГАРИЈА ГИ ПРИМОРУВА МАКЕДОНЦИТЕ ДА СЛУЖАТ ВО НАВОДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ДОБРОВОЛЕЧКИ ОДРЕДИ – 1913 г.
Американското списание „Нов преглед“ (The New Review) во февруари 1913 година објавило статија за ефектите на Втората балканска војна врз работата на синдикатите на Балканот. Се наведува дека Меѓународниот секретаријат на Националните синдикални центри упатил апел за праќање помош на синдикатите во Србија и Бугарија откако синдикалните водачи во овие две држави упатиле писмено барање за итно-потребна помош.
Списанието го дава на увид и писмото на Секретарот на Бугарските синдикати, Ѓорѓи Димитров, кој предупредува дека не може целсно да ја опише извонредно тешката ситуација во Бугарија со оглед на најстрогата цензура во медиумите и во личната коресподенција наметната од власта.
Димитров објаснува дека сите оние под 46-годишна возраст што порано служеле во Бугарската армија биле повторно повикани да служат, а биле повикани и оние што доправа требало да бидат регрутирани во 1913 година.
Димитров притоа говори и за „Македонците што живеат во Бугарија“, кои ги наведува како засебен елемент. Toj вели:
– „Македонците што живеат во Бугарија беа приморани да служат во македонските доброволечки одреди. Само оние што немаа наполнето 18 години беа ослободени од задолжителната воена служба“.
Димитров потоа го опишува третманот на сите работници и занаетчии во Бугарија, за кои знаеме дека одреден број биле Македонци. Тие што не биле повикани на воена служба, пишува Димитров, биле приморани да работат за потребите на армијата без надокнада, вклучувајќи и жени.
Натаму, работничките клубови и салите за состаноци биле преземени од власта и претворени во воени работилници и магацини, пишува тој. Бугарските власти донеле указ со кој прогласиле вонредна состојба и покрај целосната цензура тие додатно забраниле одржување средби и печатење на било какви политички и синдикални материјали.
– „Очајната беда во која живеат работниците и нивните семејства е неопислива“, пишува Димитров во писмото.
Во ситуација на гаснење на економијата, масовно губење работни места и инфлација, граѓаните во огромен број се обраќале до синдикатите за помош, но нивната работа морала да биде суспендирана со оглед на тоа дека било невозможно тие да функционираат, пишува Димитров.
КАКО ЗАКЛУЧОК: Тврдењата на бугарската политика спрема Македонија дека Македонците наводно доброволно се бореле за Бугарија ја пренебрегнуваат тогашната насилната ситуација и фактот дека тие биле приморувани да учествуваат во воени дејствија во одреди ироночно наречени „добровелечки“ . Пукна и таа бугарска лага.
ИЗВОР: The New Review, “The Influence of the Balkan War on the Unions,” February 13, 1913, pg. 159. —/
Сите реакции:

Anet K Macedon и 15 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа