Почнаа да паѓаат како круши во Страсбург нарачките за 27 април! Падна првата пресуда за Елена, ајде сега и за останатите браќа кои неправедно лежат во затвор
Елена Доцевска Божиновска, член на Советот на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ја добила битката пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
За потсетување, Доцевска Божиновска последните месеци од 2017 година беше притворена и одлежа неколку месеци во затвор поради учество во насилниот упад во Собранието на 27. април истата година.
„Ја добивме битката во Стразбур! Може да забави, но не и да се заборави… После повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за „27. април“ од Европскиот суд за човекови права!“ – пишува Божиновска на својот профил на Фејсбук, без да наведе повеќе детали за каква пресуда и за каква тужба станува збор.
Во времето на „Крвавиот четврток“ Елена Доцевска-Божиновска беше вработена во кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, и беше една од 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок. Таа подоцна беше меѓу петнаесеттемина од обвинетите, кои беа опфатени со Законот за амнестија.
Нејзината објава предизвика лавина од рекации, од кои повеќето секако и честитаа на издвоената победа.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук