БУГАРСКАТА ВОЈСКА МОРА ДА БИДЕ ПОДГОТВЕНА ЗА КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ“: Каракачанов за територијалните претензии на Софија кон Македонија
НАЦИОНАЛНОТО прашање во Бугарија и Македонија е слично на ситуацијата со која се соочуваат Русија и Украина: поделба на нацијата, според поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
БУГАРСКАТА ВОЈСКА МОРА ДА БИДЕ ПОДГОТВЕНА ЗА КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Каракачанов за територијалните претензии на Софија кон Македонија.
– Многумина го поставуваат прашањето што се случува во Украина, зошто Русите се однесуваат така…? Многу едноставно. Да си одговориме ние Бугарите: зошто сме толку кон Македонија? Тоа е исто. Чувство за заедница, измамено чувство за заедница, мешање однадвор со цел да се подели нацијата. Создавање нови народи, обиди за спротивставување – изјави Каракачанов.
Тој го изрази своето противење на учеството на Бугарите во воени операции надвор од границите на земјата со цел задоволување на туѓи интереси. Според него, бугарската армија нема да може да го издржи учеството во сегашниот конфликт.
– Бугарската армија треба да биде подготвена да ги чува своите граници и своите национални интереси овде на Балканот. Единствената војна во која лично би отишол е онаа ако нешто се случи во Северна Македонија, тоа се нашите територии, нашите сонародници. Друга работа е што на еден дел од нив (на Македонците) им е испран мозок – рече Каракачанов.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?