Лидерот на рускиот ПВК „Вагнер“ Евгениј Пригожин соопшти дека денеска во 12 часот неговите борци од ПВК „Вагнер“ воспоставиле целосна контрола над Бахмут (Артјомовск). Операцијата траела 224 дена.

„224 дена момците упаднаа во овој град. Тука беше само ПМЦ Вагнер, никој друг не ни помагаше.

 

Бевме во војна не само со вооружените сили на Украина, туку и со руската бирократија, која ги заглави краците во нашите тркала. Тоа се Шојгу и Герасимов, кои војната ја претворија во своја забава. Заради нивните хирови умреле 5 пати повеќе момчиња отколку што требало“, вели шефот на „музичарите“.

Прес-службата на Пригожин вети дека подоцна ќе објави детали. 

Целосното видео од подигањето на знамињата, поради ограничените можности на интернетот, ќе се прикажува од 18 до 20 часот“, објаснуваат од прес-службата на Телеграм.

Украина се уште не ја потврди оваа информација. Утрото беше објавено дека руските сили сега го контролираат речиси целиот град, освен југозападната периферија.

ВИДЕО може да се види ТУКА!