Ајде да видиме кој кого измислил! Запис од пред 10 века: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ КРЕВААТ НА ВОСТАНИЕ

1. Од ИСТОРИЈАТА на Никифор Вриениј (настан од 1071-1072 година)
СЛОВЕНСКИОТ НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕВА НА ВОСТАНИЕ ПРОТИВ ВИЗАНТИЈА
Императорот Михаил (Михаил VII Дука) тогаш се бореше со големи грижи, зошто Скитите (Под Скити, Вриениј подразбира Печенези) вршеа изненадни напади во Тракија и Македонија, а Словените го отфрлија ромејското ропство и ја пустеа и пленеа земјата на Бугарите (Под „земјата на Бугарите“ се мисли територијата на Првото Бугарско Царство). Беа заземени и Скопје и Ниш…
Кога Вриениј пристигна (се мисли на Никифор Вриениј, татко на авторот на текстов), императорот Михаил ја измени својата одлука и реши да го постави за дукс на целата земја на Бугарите за со негова помош да го потисне словенскиот народ кој таму беше загосподарил. И навистина, кратко време по своето пристигнување во Бугарија тој дотолку ги смири Словените, што тие одново мораа да се стават под власта на Ромеите.
————–
Забелешка:Како што посочивме во изминатите објави, кога изворите од средниот век опишуваат територии некои се држат до имињата на Темите на Византија (според таа поделба, поголем дел од Македонија е наречен Тема Бугарија, додека поголемиот дел од денешна Бугарија е наречен Тема Паристрион).
Но, бугарската “наука” сака истовремено за Македонија и Македонците да важи оваа Визнатиска административна (а не етничка) поделба, а забораваат дека тие воопшто не биле Бугари во тој период туку Паристрионци-што како што рековме воопшто не е етничка поделба и е вон памет ним да им се лепи такво етничко име Паристрионци, како и што е вон памет на Македонија и Македонците да им се лепи името Бугари, само поради името на Византиската Тема Бугарија, со која била наречена поголемиот дел од Македонија, дел од Албанија и дел од Србија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа