СЕГА ШО ПРАВИМЕ? ПРОТЕЧЕ ЗАПИС ОД 16 ВЕК ВО КОЈ СЕ ТВРДИ ДЕКА БУГАРИЈА Е ВТОРА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ

БУГАРИЈА Е ВТОРА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА!
Сега што правиме со Софија, чија е Бугарија? Дали е Бугарска или Македонска?
Еве еден запис за некој си свештеник во Софиската епархија Јаков Крајко од 16-ти век, роден во Камена река, Осоговска Македонија, веројатно по род Македонец.
Повеланием великаго бгага нашиго ИсХр троудихсе отстиха писани “Äзъ ÏÄКОВЪ от пределех Македонских от местъ нарицаими Софиа кълето“.
Се работи за Јаков Крајко од Камена река, Осоговска Македонија, тој е првиот печатар од Македонија кој печател на кирилица.
Книгата е “Молитвеник“ нарачана и платена од Јеролим Загуровиќ од град Котор Дукља и е отпечатена на кирилица во Венеција во печатницата на Божидар Вуковиќ.
Отпечатени се 4 богословски книги.
Книгите ги отпечатил во печатницата на првиот печатар на Балканот, Божидар Вукович, родум од Подгорица, денешна Црна Гора.
И Божидар за себе има пишано дека бил од Македонија, односно дека Подгорица се наоѓала во Македонија, т.е. Црна Гора, тогаш Дукља (Диоклитија) била дел од Македонија!
Штампар Божидар Вукович, Подгоричанин у својијем књигама пише 1520 и 1537: “От отачаства моега, от земље Диоклитискије, еже јест в предјелех МАКЕДОНСКИХ, от града нарицајемаго Подгорица.“
(Љубомир Стојановиќ – Стари Српски Записи и Натписи, бр. 494, 161).
Во тоа време, Балканот бил Македонија, документирано со десетици докази, мнозинството од православното население Македонци, црквите македонски, во тоа време и Софија била македонска, бидејќи се наоѓала во Македонија…
Во 16 век Охридската Архиепископија владеела со речиси целиот православен полуостров, се’ додека не била запрена од Султанот и потчинета под “неговата“ цариградска црква кон крајот на 18-ти век…
Софија во тоа време имала одбранбен ѕид направен од Турците и затоа Јаков ја нарекува кале.
Благодарност на Анастасија Трајковска за помошта за исчитување на дел од текстот: “Сврши с’н молитвеник господин Јероним Загуровик иже положи белег.“
Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име. Под јурисдикција на Охридската Архиепископија била и Печката патријаршија, која за секоја своја одлука и решение требала да добие амин од Охридската Архиепископија, како постара и подостојна црква. До XVII век, во сите територии кои биле под јурисдикција на Охридската Архиепископија и подредената на неа Печка црква, е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители македонски предели.
Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на XVI век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски. Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по Душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.
Во “Тримесникот“, печатен и напишан во Скадар, во XVI век, од извесен г. Стефан, стои: “Ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во пределите македонски, во родниот град Скадар…“
И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, со центар во Софија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во XVI век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков “от пределех македонских“ и Јаков “от Македоние“.
Јаков од Софија на својот “Псалтир“ кој го испечатил во XVI век, напишал за себе: “Аз, Јаков, от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син… И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“
Јаков од Ќустендил (денешна Бугарија) во 1566 година во поговорот на печатен псалтир запишал: “Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара… И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил, забелешка на Скаловска], от места нарицаема Камена Река“.
#Пишува Лаки Македонски ЕФРЕМОВ
<img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”><img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”><img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”>ВМ <img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”><img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”><img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”><img ” src=”https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1c/1/16/1f1f2_1f1f0.png” alt=”🇲🇰” width=”16″ height=”16″ style=”display:none”>
Сите реакции:

Dimitar Dvojakovski, Stevco Donev Makedonski и 108 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа