Робија, десет годинки
МАРИЧИЌ ПРИЗНА ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ЗА ЕВРОПСКО ЗНАМЕ – КОРИДОРОТ 8 ГО СРУШИ ПРАВНИОТ ПОРЕДОК
Откако
#Левица со илјадници амандмани ги блокира
анти-работничките и штетни закони за Коридорот 8, режимот на СДС и ДУИ повторно направи преседан преку кој ги сруши сите правни постулати!
Во скандалозна изјава, Маричиќ потврди дека европско знаме е ставено на пет закони за Коридорот 8, со цел да се заобиколи легитимната борба на Левица преку парламентарните механизми. Го потсетуваме Маричиќ дека концептот на филибастеринг не е преседан, туку напротив – неговиот коалиционен партнер Џафери го воведе филибастерингот за да го блокира Законот за бранители. Но, тогаш никој не се дрзна на ваков насилнички начин, со вршење на кривично дело, да го заобиколи филибастерингот – што потврдува дека ова е најнасилничкиот режим во историјата на Македонија!
САМОВОЛИЕТО на оваа неспособна гарнитура ја разоткри самиот Маричиќ, кој потврди дека предлог-законите не се усогласени со европски акти и поради тоа, оставен е празен простор во делот за потребата од изменување на конкретните закони поради усогласување со законодавството на Европската Унија.
Загрижува фактот што и покрај изјавите на Делегацијата на ЕУ во Македонија за злоупотреба на европското знаме за овие закони, Владата упорно постапува незаконски, со цел реализација на контроверзниот и таен договор со ,,Бехтел и Енка”.
Бидејќи петте поднесени предлог-закони со европско знаменце НЕ СЕ УСОГЛАСЕНИ со член 135 став 4 и став 5 од Деловникот, Претседателот Таљат Џафери треба да побара предлагачот (односно Владата) во рок од 15 дена да ги усогласат. Во спротивно, Левица ќе поднесе кривична пријава против Џафери поради злоупотреба на службена положба.
Левица ќе поднесе и кривични пријави за фалсификување исправа против министрите Благој Бочварски, Фатмир Бесими и заменик-министерот Енвер Хусејин, кои како подносители на петте предлог-закони, свесно лажираат дека постои ваква ЕУ регулатива.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?