Протече доказ! Бугарите се радувале кога го убиле Гоце Делчев! „НАЈПОСЛЕ СЕ ОТТРГНАВМЕ ОД ТОА КУЧЕ“

Протече доказ! Бугарите се радувале кога го убиле Гоце Делчев! „НАЈПОСЛЕ СЕ ОТТРГНАВМЕ ОД ТОА КУЧЕ“

БУГАРИТЕ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, 1903 г.: „НАЈПОСЛЕ СЕ ОТТРГНАВМЕ ОД ТОА КУЧЕ“
Новинарот Благој – Блаже Видов од Кавадарци, деец на ВМРО по Првата светска војна, во 1936 година водел разговор со стар македонски деец. Тој пак, му се претставил како внук на „врховистот Ѕивгов“, кој му бил вујко. Ова е значајно сведоштво за тоа како врховистите бугаромании и велико-бугарите се радувале по смртта на Гоце Делчев.
Неименуваниот Македонец ги набројува членовите на Врховниот Македонски Комитет (ВМК) кои во 1903 г. ce радувале и ликувале по смртта на Гоце. Ги спомнува имињата на познати врховисти – Иван Цончев, Анастас Јанков, Александар Протогеров и Софрониј Стојанов. Македонскиот деец сведочи дека некој од врховистите рекол:
– „Најпосле се оттргнавме од тоа куче. Го убија!“
Тие, вели македонскиот деец, никако не работеле за Македонија. Тој смета дека Македонците не треба да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, туку да тргнат по „патот подвлечен од Гоце“ и да бидат единствени.
Новинарот на крај вели дека со соговорникот немале разлики во разбирањето околу ослободувањето на Македонија.
Блаже Видов, инаку, првин бил приврзаник на бугарскиот „тројански коњ“ во ВМРО, Иван – Ванчо Михајлов. Но, потоа, како и многумина други, Видов се разочарал откако ја увидел подлата анти-макеоднска дејност на Михајлов под изговор дека се борел за независна Македонија и станал истакнат анти-ванчомихајловист.
ИЗВОР: Весник „Македонски вести”, 5 мај 1936.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Македонскиот новинар работел таму, па друг јазик официјално не бил дозволен. —/
May be an image of text
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа