ПОЗДРАВ ЗА БУГАРИТЕ ОД КУКУШ ВО 1935: КУКУШКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО: „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР И ВЕЛИКАН; УМРЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, НО ТОЈ Е ЖИВ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ.” 1935 г.

670
Македонците од Кукуш, иселеници во Бугарија, по повод 4. мај, во 1935 година објавиле пригоден напис за својот сограѓанин – македонскиот национален херој Гоце Делчев. Го пренесуваме текстот целосно.
.
.
ИЗВОР: „Гоцев лист“, издание на Кукушкото благотворително братство, бр.1, мај 1935 г., стр. 1 – 2.
ДЕНОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
„Пред 32 години, падна убиен во херојска борба со султанската војска големиот македонски револуционер и апостол Гоце Делчев.
На 5 мај 1903 година, македонскиот народ ја даде најскапата жртва – својот сакан водач на македонската раволуција – Гоце Делчев.
Македонија во неговото лице ја изгуби душата на револуционерната организација. Зошто Гоцевата смрт беше толку скапа за Македонија? Затоа што тој беше највдахновениот, најпреданиот и најплеменитиот борец за слободата на својата поробена татковина и ревносен пазител на самостоноста и севкупноста на македонското боречко движење и заколнат непријател на надворешните влијаниja без разлика од каде и да доаѓаат тие.
Ете зошто македонскиот народ, кој останал верен на Гоцевите идеи, секоја година на денот на неговата смрт во знак на солидарност со неговото дело го преобраќа тој ден во сенароден македонски боречки празник.
Гоцевиот ден, кој ние го празнуваме на 6. мај – Ѓурѓовден, е ден на поробената боречка Македонија. На тој ден, поробена Македонија ги кани своите синови во борба против врховизмот и воопшто против секакво чуждо влијание во македонското боречко движење. Тој ден е ден на повик на широките македонски маси за економско и национално ослободување на целокупна Македонија од нејзините поробители.
Чествувањето на споменот за Гоце на тој ден, особено денес, е од исклучително значење затоа што духот на Македонија е посрамен и обезвреден од трговците со народното дело.
Да го исчистиме делото од фрленото врз него петно, да го подигнеме одново борбениот дух и сознание – ете на каде треба да бидат насочени нашите напори.
Собореното од нечисти раце Делчево знаме треба одново и високо да се развее. Под тоа знаме, треба да се сплотиме на тој ден и да го изградиме единството на македонското движење.
На тој ден, нашироко треба да се популаризираат, конкретизираат и рашират во духот на новото време Гоцевите идеи меѓу македонските маси. Да проникнеме од тие идеи на Гоце и да работиме за поскорешното остварување на неговите идеи како и тие на целокупниот македонски народ – независна и слободна Македонија.
Ако тоа го исполниме, тоа значи дека така најдобро ќе го чествуваме споменот и усвоиме револуционерното наследство на македонскиот великан Гоце Делчев.
Гоце не оставил пишани документи. Но неговото дело е една прекрасна завршена книга од којашто извира љубов кон македонскиот народ, полно саможртвување за неговата ослободителна кауза, сестрана служба за градење на неговото револуционерно дело, храбра заштита на самостојноста на последното и на идејата за самостојна македонска држава.
Гоце умре за Македонија, но тој е жив за Македонците. Да се сплотиме под знамето на Гоце за да го продолжиме неговото дело. Така најдобро ќе го негуваме неговиот спомен и ќе и служиме на нацијата.“
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Друг јазик официјално не бил дозволен. —/



ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа