Гоце Делчев: И јас можев да останам на должност, на работам, и да ги тркалам деновите еден по еден, да го тргам животот, да веднам шија, да теглам и да робувам. Но читав и научив дека тоа е бесмислица и дека не е за мене таков живот. Во училиштето копнеев за човечка љубов, за слобода, најнапред, а слободата кај нас никаде не ја гледав, не можев да ја најдам. Барав во книгите, барав во минатото, во животот на другите,.. Сфатив дека за да дадам смисла на животот мора да бидам со луѓето каде што има несреќни, а добри наши браќа кои гинат и гнијат не само во една неволја туку во тешко ропство. Да одам кај нив решив, да им ги стоплам срцата, да им кажам да не се караат

СЛОБОДАТА НИКОЈ НЕ ЈА ПРОДАВА – ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Климент Шапкарев (1875 Охрид – 1949 Битола) син на Кузман Шапкарев, за Гоце Делчев напишал: – Кога излеговме од кафеаната „Македонија“ во Софија, ни пријде едно стројно момче и му рече на Гоце дека сака со него да дојде во Македонија и да се бори за слободата на татковината. Гоце потврдно му климна со главата, Гоце Делчев беше срдечен, јасен, отворен. Никогаш не се преправаше, не се фалеше. Имаше религиозен култ кон мајка си. Смирено, како никој друг, им говореше на младите бунтовни луѓе. На една од многубројните средби им рече: „ И јас можев да останам на должност, на работам, и да ги тркалам деновите еден по еден, да го тргам животот, да веднам шија, да теглам и да робувам.
Но читав и научив дека тоа е бесмислица и дека не е за мене таков живот. Во училиштето копнеев за човечка љубов, за слобода, најнапред, а слободата кај нас никаде не ја гледав, не можев да ја најдам. Барав во книгите, барав во минатото, во животот на другите,.. Сфатив дека за да дадам смисла на животот мора да бидам со луѓето каде што има несреќни, а добри наши браќа кои гинат и гнијат не само во една неволја туку во тешко ропство. Да одам кај нив решив, да им ги стоплам срцата, да им кажам да не се караат … да не си пакостат самите на себе си. Да се почитуваат и да не одат пред османлиските судови туку сами, братски да ги решааваат споровите. Да не им робуваат на беговите. А за тоа треба не само да се заколниме дека ќе умреме, тоа е лесно, туку да се заколниме дека ќе живееме и целиот живот ќе го дадеме за тоа свето дело, за слободата на народот.“ Гоце во душата носеше големо знаме – знамето на апсолутна слобода, на безгранична љубов, но со пушка на грбот. Гоце Делчев велеше: „ Слободата никој не ја подарува. Слободата е скапа, мнозина ја плаќаат и со живот за да ја имаат нивните поколенија. (с.с. Лит-историска белешка)
All reactions:

Жаклина Кузмановска and 18 others

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа