Делчев знаел за писмото на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, поборникот за обновување на Охридската архиепископија и создавање на македонска национална држава, упатено во јуни 1891 год., до проигуменот Дионисиј, во коешто меѓу другото напишал: „ Егзархија со својата црковна и просветна дејност му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи… Делчев често во разговорите со членовите на тајниот револуционерен кружок на Воената академија во Софија, со кој раководл, ја спомнувал содржината на писмото и ги повторувал согледувањата на скопскиот митрополит за пропагандите на соседите на Македонија и опасноста од уништување на македонската национална индивидуалност доколку не се организираат Македонците во се’ народна борба за создавање самостојна независна држава. (С.С. Историска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?