„Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот.
Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но, ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против“.
Оваа закана/уцена ја соопшти потпретседателот на Беса Фатмир Лимани вчера во емисијата „200“ на Алсат.
Од БЕСА се против Албанците во највисокиот правен акт да се претставуваат со проценти., рече Лимани.
„Ние не условуваме. За ние да условуваме треба да има страна која не се согласува. ВМРО-ДПМНЕ отворено кажа дека нема проблем да се брише 20 отсто. Претседателот на државата пред некој ден изјави дека тоа не е проблем. Тоа не е условување. Тоа е легитимно право, дури тоа е гарантирано и со потпишувањето на договорот од Охрид. Ние како Беса имаме поднесено амандман во Владата, која потоа ќе го достави во Собрание тоа барање за уставни измени“’ изјави Лимани.
Според него, Беса нема да учествува во работната група за составување на уставните амандмани.