Бомба на генерал! Во 2001 околу 15000 војници на Македонија требало да тргнат и да ги здробат екстремистите на Ахмети, офанзивата ја спречиле инструктори на НАТО

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст кој вели „F даво“

ЈУНСКАТА ОФАНЗИВА НА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ВО 2001
На 22 јуни 2001 година, безбедносни сили на Република Македонија ја почнуваат воената офанзива против албанските екстремисти стационирани во селото Арачиново крај Скопје. Ден потоа борбени авиони “сухој” 25“ на АРМ (Армија на Република Македонија) извршуваат извидувачки летови и дејства над селото.
Според генерал Панде Петровски, кој командува со арачиновската операција, АРМ располагала со над 15.000 војници, 54 тенка, 120 минофрлачи и хеликоптери за воени дејства со цел реализирање на завршната воена операција и целосно разбивање на припадниците на т.н. ОНА (Ослободителна народна армија).
Битката околу и во селото Арачиново трае (три дена) се’ додека припадниците на ОНА не кренат бели знамиња, знак дека се предаваат.
Под покровителство на НАТО е договорено припадниците на ОНА да бидат евакуирани со автобуси на американската војска од КВОР на НАТО силите во Косово, ОБСЕ и Миисјата на ЕУ. Со автобуси биле префрлени околу 350 припадници на ОНА, со личното вооружување, од село Арачиново во село Липково, кумановско.
По разгласувањето на веста дека на македонската војска и било наредено од НАТО да се повлече од село Арачиново, а екстремистите на ОНА и нивните инструктори од Западот да бидат префрлени во Косово, неколку илјади Македонци се собраат пред Собранието на Република Македонија и протестот прераснува во масовни немири и насилно влегување на дел од учесниците во протестот во Собранието. (сс. Историска белешка)
Сите реакции:

6

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа