АЈДЕ ДА ИДИМЕ КОГО ИЗМИСЛИЛ ТИТО! Хрватски професор во 1929: Каде и да појдам низ Македонија луѓето тврдат дека зборуваат македонски јазик и дека се Македонци, дури и тие кои учеа во бугарски училишта

АЈДЕ ДА ИДИМЕ КОГО ИЗМИСЛИЛ ТИТО! Хрватски професор во 1929: Каде и да појдам низ Македонија луѓето тврдат дека зборуваат македонски јазик и дека се Македонци, дури и тие кои учеа во бугарски училишта

Професор Бранислав Грујиќ, кој се идентификувал како Хрват, сведочи во напис од 1929 година дека насекаде во Македонија луѓето му велеле јазикот што го говорат е македонски.
„Јас и самиот ги испрашував македонските Словени за тоа како го нарекуваат својот јазик. Насекаде добивав одговор – македонски,“ пишува Грујиќ.
Написот на Грујиќ е одговор до бугарскиот професор Стојан Младенов, кој претходно го прозвал заради тоа што во извештај за карактерот на словенскиoт јазик во Македонија Грујиќ не ја употребувал бугарската терминологија. Следствено, Младенов го окарактеризирал Грујиќ како „Големосрбин“.
Грујиќ не само што сведочи дека Македонците својот јазик го нарекувале македонски, туку и оние што стекнале образование во бугарски училишта не го нарекувале јазикот „бугарски“ туку биле свесни дека се работи за два различни јазика.
„Не добив одговор [дека јазикот е] ‘бугарски’ ни во Прилеп од луѓе што завршиле во бугарски училишта. Дури беа свесни за разликите меѓу бугарските и македонските говори. Тие ми прикажуваа многу долги приказни за ова, кои се уште не сум ги публикувал,“ пишува Грујиќ.
Професорот исто така сведочи како Власите во Македонија му објаснувале дека грчкиот термин „бугари“ меѓу нив и Грците е влезен вo општа употреба по пат на пропаганда. Понатаму, тој вели Власите му објаснувале дека широката употреба на грчкиот термин „бугари“ за Македонците е дело на бугарската пропаганда.
Грујиќ, иако се нарекува Хрват, во голем дел настапува од големосрпски позиции. Тој ги нарекува Македонците „македонски Словени“ и „македонски Срби“ и покрај фактот што Македонците му се претставувале како Македонци и му кажувале дека говорат македонски јазик.
Младенов пак ги нарекува Македонците – „Бугари“, а нивниот јазик „бугарски“ и се буни бидејќи Грујиќ држи до тоа да каже што чул на лице место од самите Македонци.
Вистината ја знаеме сите: Македонци и македонски јазик, како што несакајќи посведочил Грујиќ – и тоа во екот на најголемата србизација, бугаризација и грцизација на Македонците.
ИЗВОР: „Критиковање г. Младенова“, Гласник Српског Научног Друштва, Књига V, Скопље, 1929 година, стр. 330, 337.
All reactions:

Toni Pendovski, Risto Jauleski and 29 others

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа