БУГАРСКИОТ Е ДИЈАЛЕКТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК! Во создадената Бугарија од Русите, по Руско-Турската војна, не постоел бугарски литературен јазик. Не можел ниту да постои

“Во создадената Бугарија од Русите, по Руско-Турската војна, не постоел бугарски литературен јазик. Не можел ниту да постои. Се пишувало на постоечките словенски јазици – Српскиот и Рускиот јазик, до втората половина на 19-от век. Овој јазик денешните Бугари не го разбираат, па текстовите од тој период денес во Бугарија се преведуваат, за да бидат разбрани.”
Ако е така, се поставуваат повеќе прашања.
Прво, На кој јазик зборувал народот во Бугарија, на кој јазик се разбирале меѓусебно луѓето во таа земја наречена Бугарија? И веднаш одговорот: Сигурно не на Српски, Руски или мешавина од овие јазици, и секако не на Бугарски односно Туркофонски јазик, кој и денес и тогаш, во 19-от век, не постоел!
Второ, тој народ, во таа земја наречена Бугарија, секако зборувал на свој домашен, народен Македонски јазик (источен дијалект), од кој подоцна, новоформираната Бугарска држава го кодифицира бугарскиот литературен јазик.
Трето, Неизбежен е заклучокот дека, Бугарскиот јазик не е дијалект на Српскиот и Рускиот јазик, туку на Македонскиот јазик, на кој тамошните Македонци зборувале со векови. Односно, Бугарскиот литературен јазик не потекнува ниту од Српскиот ниту од Рускиот, туку од Македонскиот јазик!
Четврто, Едноставно, смешно е и претставува небулоза тврдењето на Бугарите денес дека, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик!
Патем речено, Софија ова намерно го тврди поради територијалните претензии кон Македонија, во намерата оваа држава да ја присоедини со Бугарија. А, за тоа да се случи, не треба да постојат Македонците, уште една великобугарска глупост која ја мантраат со децении, а им служи за неизживеаната романса на Софија за Голема Санстефанска Бугарија спомната во Сан-Стефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, после Руско-Турската војна 1877-1878 година, која ниту била, ниту кога и да е, ќе ја биде! Санстефанскиот мировен договор е целосно ревидиран на Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година. Санстефанскиот мировен договор за Голема Бугарија ќе остане желба на Русија преку Македонија да излезе на топлите мориња, на Медитеранот.
Вистината е сосема обратна: Денешниот калемен Бугарски јазик е источен дијалект на Македонскиот јазик!
Да заклучам, Бугарите се словени Македонци, кои си ја заборавиле словенштината и македонштината и сега опстојуваат, прашање е до кога, како калемени Бугари!
Или, поедноставно речено, Бугарскиот јазик не постои, јазикот на кој се зборува денес во Бугарија е словенски и Маледонски јазик кому само е накалемен зборот Бугарски…
Македонија пред се’ и над се’!
All reactions:

Zvonko Yarchevski, Dragi Ninovski and 98 others

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа