МАКСО ШИРОКО ГИ ОТВОРИ ПОРТИТЕ ЗА ПРВРЗАНИЦИТЕ НА БРАНКО И СТАРИТЕ СДСМОВЦИ! ПАРТИЈАТА ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ЗАД КОЈА СТОИ БРАНКО ЌЕ БИДЕ РЕГИСТРИРАНА ВО СЕПТЕМВРИ
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во интервјуто за Радио Слободна Европа најави дека во септември или октомври ќе биде регистрирано неговото политичко движење во Скопје кадешто ќе се престави целосниот концепт на здружението и ќе се покаже кадровскиот потенцијал.
„Движењето е составено од луѓе кои се докажани во своите професии, но и дополнително луѓе кои не влечат никакви политички опашки и опашки во јавниот живот во државата. Успешни луѓе од својот сегмент на работење и делување. Отворени сме за сите, и за социјалдемократи, и за припадници на ВМРО, и за луѓе коишто биле во други политички партии. Единствено нема простор за оние кои се одговорни за состојбата во којашто се наоѓа Македонија денеска“, вели Димитриевски.