АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Протече писмо за битката на Томе словенот и македонците против бугарските ханови во 823 година

Од ПИСМОТО на Михаило II до Лудовиг Благочестиви (настан од 821-823 година)
Учеството на Македонските Словени во востанието на Тома Словенот
“Тома…со тоа што ги собра нашите кораби и дромони, имаше можност да дојде во некои делови на Тракија и Македонија. Доаѓајќи така бргу, тој го опсади нашиот град (се мисли на Цариград) и го опколи со флотата во месец декември, 15 индикт (опсадата започнала во декември 821 година). Ние пак, иако со нас имаше мал број војници и борци, не пропуштивме секогаш да се судриме со нив во битка и да ги отераме од градот. Но, бидејќи тој, како што е веќе кажано, имаше моќна непријателска сила и тоа не само од оние што горе ги спомнавме, туку и од краиштата на Азија, Европа (овде се подразбираат балканските поседи на Византија), Тракија, Македонија, Тесалија и од Склавиниите, кои беа наоколу (се однесува на Македонските Склавинии). Поради оваа причина нашата опсада продолжи. Оваа пак иста опсада, ту поблиска, ту подалечна, продолжи во текот на цела една година (Тома Словенот го држел Цариград под опсада се до март/април 823 година, кога Михаил II, бил помогнат од бугарскиот Хан Омуртаг ос кого ги разбиле војските и го ликвидирале востанието на Тома Словенот)”
Заклучок: И повторно јасно како ден читаме за Бугарски Ханови во коалиција со Ромеи (подоцна во 16 век со измислено име наречени Византијци), се борат против Македонските Склавинии.
*Сликите во оваа објава датираат од 12 век и сите се поврзани околу Востанието на Тома Словенот.
Со ова доаѓаме до уште поинтересниот период, односно времето на Кирил и Методиј, па во следна низа ќе направиме осврт и на извори од тој период.
+3
All reactions:

Goce Jovanov and 8 others

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа