На денешен ден 1941 е бомбардирано Скопје од страна на германските фашисти! На 22 април 1941 година германскиот нацистички окупатор го предава Скопје на фашистичка Бугарија. Бугарскиот окупатор веднаш почнува насилно да го бугаризира македонското население

БОМБАРДИРАЊЕ НА СКОПЈЕ – 1941
На 06 април 1941 година Скопје го бомбардираат авиони на фашистичка Германија. Од бомбардирањето загинале околу сто скопјани и биле срушени стамбени објекти на неколку локации низ градот.
Неколку дена по бомбардирањето воените сили на фашистичка Германија ја презеле власта врз градот.
На 22 април 1941 година германскиот нацистички окупатор го предава Скопје на фашистичка Бугарија. Бугарскиот окупатор веднаш почнува насилно да го бугаризира македонското население. Во сите документи во презимињата на Македонците допишуваат ов и се заведуваат како Бугари.
Нацистичкиот окупатор врши и невиден прогон на Евреите и нивно депортирање во концентрациониот логор Треблинка.
Војската на македонскиот народ и народностите го ослободува градот Скопје од германсо-бугарската нацистичка окупација на 13 ноември 1944 година. (с.с Историска белешка)
All reactions:

10

3 shares
Like

Comment
Share
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа