ДИМИТАР ПОП ЕВТИМОВ: „МАКЕДОНИЈА ИМ ПРИПАЃА САМО НА МАКЕДОНЦИТЕ. МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ СЛОБОДНА, ОБЕДИНЕТА, ЦЕЛА, НЕДЕЛИВА И СО СВОЈА САМОУПРАВА И ВЛАСТ ДА МУ ПРИПАЃА САМО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД”, 1933 г.

Димитар Поп Ефтимов (20.10.1890 –25.11.1961) е општественик, учител и новинар, деец на левицата на македонското ослободително движење, член на БКП и КПЈ.
Во врска со пишувањата за некои спогодби меѓу Софија и Белград за „поправка на српско-бугарската граница за сметка на Македонија” и за бугарските шовинистички барања, редакторот на „Македонска правда”, Димитар Поп Евтимов ќе напише:
„ …Бугарските државници, општественици и весникари, по толку горчливото искуство од минатото, треба најпосле да разберат дека Македонија не е бестопански предмет што може да се купува и продава, да се отстапува, преотстапува и разменува а таа секому да му дозволи неказнето да ја третира како таква. Македонија во целост им припаѓа само на Македонците и никој нема право да прави трговија со неа, ниту да ја претвора во монета за поткусурување. Нека се разбере добро дека без согласност на македонското население, никакви спогодби, склучени договори и потпишани конвенции за сметка на Македонија, не го валидираат последново и се неважечки за нас…
Сѐ што се однесува на судбината на Македонија е компетенција на македонскиот народ, кој на никоја држава не ѝ ги има делегирано своите права да го претставува било каде, ниту пак се има откажано од своите ревандикации. Сите договори и спогодби меѓу државите што денеска ги владеат македонските земји, со цел да се зачува тоа статускво и да се санкционира извршениот грабеж, само ќе ја засилат борбата на Македонецот за слобода и човечки правдини. И тоа нема да престане сѐ додека Обединета Македонија не ја добие својата слобода, — под каква и да е најпосле форма — да биде цела, неделива, самоуправна, во која целата власт да му припаѓа на македонскиот народ…”.
ИЗВОР: „Македонска правда”, „Внимавайте, консули !” ,17 септември 1933 г., бр.3, стр.1.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа