Во интензивната антимакедонска агитација, македонските вековни непријатели – Бугарите се повикуваат на турски документи и турски архиви. Всушност тие се повикуваат на било какви „документи“ што им идат во полза на негирање на се што е македонско.
Во прилог објавувам документ од францускиот архив од SHAT Paris, архивски број 7N1642 – Secret, 20.03.1904 Londres, Les affaires de Macedoine – Les inquetudes du Sultan au sujet de l’accord anglo-francais (Класифицирано со степен ТАЈНО, во Лондон 20. март 1904 – Случувањата во Македонија – Грижи на Султанот во врска со англиско-францускиот договор). Договорот е во врска со наложените реформи на турската жандармерија во Македонија.
На втората страна се наоѓа едно барање од Султанот што е прифатено од страна на Големите сили, а тоа е (превод на македонски):
„Има еден услов кој што на Султанот му е многу важен, а тоа е зборот „Мкаедонија“ да не биде официјално употребуван. Суверенот не прифаќа постоење на Македонија и ние (се мисли на французите и англичените) ќе мора да го употребуваме изразот: Румелија“.
Ова е евидентен доказ од каде произлегува интензивната употреба на поимите Румелија за делови на Македонија и употреба на терминот Бугари наместо Македонци, во голем број на англиски, француски и особено турски документи.
Според моите истражувања во бројните документи, кои што се уште не се објавени, турците, секогаш кога можеле, наместо термин „Македонец“, користеле термин „Бугар“, затоа што терминот „бугар“ според турците означувал припадник на турко-монголно племе на Македонскиот полуостров, кој што од 1808 г. е преименуван во Балкан.
За да го избегнам логичното прашање: Зошто се уште ги немам објавено овие документи? Одговорот е дека, бројните антимакедонски случувања наметнуваат неодложни приоритети за зачувување на се што е Македонско, како и борба за примарните животни потреби на нас Македонците.
Во таа смисла, сегашен, актуелен и горечки приоритет е потпишување на што е можно поголем број на Декларации за зачувување на името и статусот на МПЦ-ОА.
Во прилог скенирани релевантни документи во врска со барањето на Султанот да не се употребуваат тремини кои што во основа го имаат поимот Макеодонија, како и извод од Ларус речникот дека „бугарите се од турко-монголен происход“, како и тоа дека поседувам јазична компентенција да истражувам англиски и француски документи.