Мега експлозија! првиот Претседател на Македонија Глигоров бил бугарски адвокат и стабилен бугарин за време на бугарската окупација?
Периодот 1941 – 1944 е интересен и за уште еден татко на македонската нација. Киро Глигоров. Имено во овој сегмент како и за Глигоров ќе посветам блог – пост ќе го цитирам познатиот македонски новинар Никола Младенов кој пак цитира факти.
Во изданието на политичкиот магазин Фокус во 2004 година на насловната страна е Киро Глигоров а насловот е “Глигоров му порачува на Љубчо Георгиевски – Aз бях Българин преди ти да се родиш”.
Младенов тогаш пренесува 2 документи кои говорат што правел Киро Глигоров во периодот 1941 – 1944 година кој во тие периоди се викал и Кирил Благоев Григоров а за време на српската окупација Кирило Глироровиќ.
Имено Кирил Благоев Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип во време на Првата светска војна кога градот е дел од Бугарската држава. Глигоров бил и член на Македонската младинска револуционерна организација. Образовниот сегмент е посебно интересен. Прогимназиско образование завршува во Штип [ 1924 – 1928 ] по што учи српска гимназија во Скопје [ 1932 -1936 ].
Правен факултет учи и завршува во Белград 1940 година каде и започнува приправнички работен стаж при адвокатска канцеларија. По распадот на Кралство Југославија 1941 година кога Белград е бомбардиран се враќа во Скопје и започнува да работи како правник консултант на еврејската банка “Вардар Банк”.
Бил уапсен во 1942 година од бугарската полиција како просрпски настроен комунист но е ослободен откако градоначалникот на Скопје Спиро Китинчев лично гарантира за него.
Но што објави Фокус пред 19 години а ние го заборавивме?
На 7 август 1942 година Киро Глигоров поточно Кирил Благоев Глигоров бара и добива Потврда од Штипската градска општинска управа под бр.7554 во кое се вели:
“Градската општинска управа на Штип потврдува дека Кирил Благоев Глигоров од Штип – роден во Штип – по националност Бугарин со бугарско потекло – бугарски државјанин е чесен и доверлив граѓанин.
Податокот [ потврдата ] му е даден за да го достави пред Адвокатската комора на Скопје“.
Истиот го потпишаа градоначалникот и секретарот на општината.
Вториот документ е исто така Потврда која овој пат e издадена од Граѓанското одделение на општина Скопје под бр.5481 од 22 март 1943 година.
Ја има следната содржина:
“Општинската управа на Град Скопје врз основа на агенциска проверка и упатување во матичните книги на населението потврдува дека Кирил Благоев Глигоров е жител на град Скопје заведен во том VII страница 18113 и е бугарски државјанин.
Тој е чесен и сигурен Бугарин со бугарско потекло.
Уверението му е дадено да му служи пред Министерството за Нар. Правосудство за легализација на диплома“.
Уверението го потпишува раководителот на граѓанското одделение – службеникот a го заверува секретарот на општината.
Глигоров бил адвокатски стажант од 1942 до 1943 година. Стекнува свидетелство со теоретско практичен државен испит заведен во државните архиви на Царството Бугарија – Министерството за правосудство во Софија заведено со номер – број 2214 од 3 јуни 1943 година.
Во таа година во именикот на Скопскиот адвокатски колегиум се запишува како адвокат Киро Благоев Глигоров заведен со номер – број 59/43 од 9 јуни 1943 година.
На 10 јуни пред Скопскиот адвокатски совет дава адвокатска заклетва.
Адвокатскиот совет го сочинуваат: претседател Глигори Анастасов, потпретседател Методиј Кајдамов, член-секретар Георги Хаџи Манев, член-касиер Благој Поп Панков и членови: Никола Павлов, Стефан Стефанов, Васил Топалов и Светослав Андрејчин. Неговото адвокатско досие архивирано е под номер – број 222/43.
Како за Глигоров ќе говориме повеќе ќе го пренесам само воведниот дел од Фокус пишан од Никола Младенов по повод објавата на овие документи:
“Дали сте ја читале молбата на Лазар Панев Колишев до бугарскиот Цар? Ако не сте ја читале ќе ви кажам дека тогаш во студената зима на летото Господово ’41 идниот голем борец за македонштината – другарот ни Колишевски запишал: ” … сите ние – робовите Бугари – со трепет во душата многу долго ја очекуваме бугарската држава да не ослободи и да не прими во мајчинските преградки”.
Веројатно ценејќи дека тоа не е доболно – идниот наимар на нашата државност потенцира дека е “син на родители Бугари – кој се чуствувал и се чуствува Бугарин кој и покрај страшното робство го запазил битот и јазикот и карактерот бугарски”.
Младенов продолжува:
“Големиот корифеј пак на посткомунистичката македонска ера – Киро Глигоров само една година подоцна ги вадел сите потребни документи за почетокот на својата адвокатска кариера. За да почне неговото стажанство во канцеларијата на Георги Хаџи Манев [ подоцна прв претседател на Адвокатската Комомора ] тој нормално бил подложен на неопходните проверки во штипското и скопското начаство кои резултирале со констатацијата дека човеков си е “чесен и благонадежен блгарин од блгарски произход”.
Се останато е историја.
Првиот “бугарин” стана главниот борец против “бугарашите” во Народна па Социјалистичка Република Македонија а вториот јавно го оквалификува создавањето на суверена македонска држава како конечен удар во процесот на дебугаризација на Македонија”
Младенов заклучува:
“Се разбира нашата јавност немаше можност за благовремено запознавање со нивната “благонадежност” во воениот период. Овие информации станаа достапни неодамна по осамостојувањето меѓутоа тешко е да се провери дека им биле непознато и на српските т.е. југословенските служби кои бездруго знаеле да ги ставаат во функција на пројугословенството и антибугараштвото на нашиве јунаци.
Несомнено тоа бил компромитирачки товар врз нивните плеќи и само еден Бог знае што се морале да прават само да не се дознае овој непријатен дел од нивните биографии.
Не би можел да се кладам дека токму овие “деталчиња” не биле меѓу пресудните причини за низа “прогресивни” постапки од нивна страна кои резултирале со сеуште присутното жалење по Тито и СФРЈ на нашите простори.”
И ова не е се. Сестрата на Глигоров Цвета Панчева ќе стане сопруга на Михајло [ Митев или Митиќ зависно од потребите ] Апостолски за кој исто така некаде има писмо до Цар Борис III за своето самоосознавање.