Милион и сто илјади стари лица во Грција овој месец ќе добијат дополнителни пари
Во Грција плаќаат бонуси за пензии и плати за Велигден. Грците ќе го ограничат патувањето за празниците поради поскапувањето на бензините, пишува pariteni.bg.
Дополнителен бонус од 200 до 300 евра овој месец добиваат милион и сто илјади пензионери, информираат од Владата. Додатокот варира во зависност од пензијата.
Со зголемувањето на минималната плата од април, сумата речиси се изедначува со националниот просек кој е околу 800 евра. Половина од работниците во земјава, според економистите, ќе добијат од 700 до 1000 евра бруто или 820 евра нето.
Проблем е и понатаму немањето високо платени работни места, велат синдикатите.
Грците се загрижени поради новото поскапување на бензините. Доколку продолжат овие стапки на поскапување за Велигден, бензините повторно ќе се продаваат по 2 евра за литар, што ќе влијае на туризмот за одмор, стравуваат хотелиерите.