Родителите со потресно сведоштво за смртта на малата Јана: Пеплосани сме, душа немаме! Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата (ВИДЕО)

Родителите со потресно сведоштво за смртта на малата Јана: Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата (ВИДЕО)

Вечерва на ТВ Сител се емитуваше интервју со Стојче и Кристина, родители на 6-годишната Јана која почина во битолската болница по примање на инфузија.

Официјална причина за смртта сè уште нема бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.

Еве дел од потресната исповед на родителите:

„Ја однесовме Јана на лекар. Докторката ѝ го прегледа грлото, кажа дека е црвено, ја наслуша со стетоскоп, нѝ рече само дека е бледа и дехидрирана заради повраќањето и не пушти да одиме во лабораторија да испитаме крв од прст и да се вратиме назад“, објаснува мајката Кристина.

Како што појасни таа, малата Јана до вратата одела сама, потоа татко ѝ ја земал во раце бидејќи како што наведува таа, брзале да завршат работа во лабораторија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа