СОЈУЗНА ДРЖАВА ВО АМЕРИКА ЗАБРАНИ ПРОМЕНА НА ПОЛ КАЈ МАЛОЛЕТНИЦИ

May be a Twitter screenshot of 1 person and text that says 'CNN politics lowa's governor signs law banning gender-affirming care for minors By Andy Rose and Jack Forrest, CNN Updated 10:29 PM EDT, Wed March 22, 2023 TRUMP TR Miriam Alarcon Avila/Bloomberg/Getty Images Kim Reynolds, governor of lowa, introduces former US President Donald Trump, not pictured, during an "America First Education Policy" event in Davenport, lowa, US, Monday, March 13, 2023. (CNN)- lowa' S Republican Gov. Kim Reynolds signed into law Wednesday a ban on gender- affirming care for minors, joining a growing'

Ајова забрани третмани за промена на пол кај малолетници и користење јавни тоалети од трансродовите лица различни од нивниот биолошки пол
Гувернерот на сојузната држава Ајова, републиканката Ким Рејнолдс во средата потпиша закон за забрана на т.н родово-афирмирање на малолетници, приклучувајќи се кон големиот број „црвени држави“ кои го забранија пристапот до третмани за транс-млади во Америка, објави CNN.
Со забраната не смее да се применува никаков третман, социолошки, психолошки, бихевиорален ниту пак медицински интервенции за родово афирмирање на малолетници чиј „родов идентитет“ не се совпаѓа со биолошкиот пол. Односно со други зборови се забранува каков било третман за родова транзиција кај малолетни лица.
SF 538 им забранува на здравствените работници да даваат медицински третман „со цел да се обидат да го променат изгледот или да ја потврдат перцепцијата на малолетникот за родот или полот на малолетникот, доколку тој изглед или перцепција не е во согласност со полот на малолетникот (при раѓањето). Законот стапи на сила веднаш по потпишувањето, се додава во текстот на CNN.
Здравствените работници за кои ќе се утврди дека го прекршуваат законот ќе подлежат на дисциплина од соодветниот одбор за лиценцирање и може да се соочат со тужби.
Предлагачот на законот, републиканскиот државен пратеник Стивен Холт, за време на дебатата на почетокот на месецов рече дека законот има за цел да го запре третманот што тој го сметаше за премногу „експериментален“ за да биде дозволен, пишува CNN.
„Верувам дека медицинската ефикасност на овие третмани не е докажана“, рече Холт.
Во средата, Рејнолдс потпиша закон кој опозицијата го нарекува „закон за тоалет“, со кој „им се забранува на трансродовите лица да користат училишни тоалети што не одговараат на нивниот биолошки пол“, стои во извештајот на CNN, а за ова пишува и Асошиејтед прес.
Вчера, Светската атлетска федерација забрани трансродовите жени да се натпреваруваат во женска конкуренција на меѓународните настапи.
И додека во светот секојдневно се зголемува отпорот против „родовата идеологија“, кај нас се прават обиди таа да заживее, без да се земат предвид меѓународните искуства.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа