АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИЛИЛ! АМЕРИКАНСКИ СУД ПРЕВЕДУВАЛ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК УШТЕ ВО 1915! ПРОТЕЧЕ ДОКУМЕНТ ВО ВЕСНИК ВО САД ЗА ТЕПАЧКА МЕЃУ БУГАРИН И МАКЕДОНЕЦ
ОФИЦИЈАЛЕН ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО АМЕРИКАНСКИ СУД, 1915 г.
Американскиот весник „Њуз журнал“ (News-Journal) на 20. февруари 1915 година објавил вест дека за потребите на Судот во градот Мансфилд, Охајо, САД, бил најмен официјален преведувач за македонски јазик.
Пред Судот биле изведени Постол Ѓорѓи (Postal George), идентификуван како Македонец по националност, и Тони Петар (Tony Peter), Бугарин по националност. Причината била тепачка меѓу нив.
Весникот известува дека според еден сведок, Романец по националност, Македонецот почнал да го тепа Бугарот во центарот на Мансфилд и потенцира дека тепачката се случила пред голем број луѓе од разни националности – Грци, Ирци, Унгарци, Германци, Кинези, и други.
не пропуштај
Судот отпрвин најмил некој Србин да преведува во текот на процесот, за кого вели дека знаел и македонски и бугарски, и еден Романец. Во процесот учествувале вкупно тројца преведувачи. Според преведeните искази, Македонецот го нападнал Бугарот поради тоа што вториот напишал нешто против него во некој бугарски весник.
Меѓутоа, судот не бил задоволен од преводот и од барем еден од сведоците бидејќи сметал дека настапиле со предрасуди спрема едната или другата странка.
– „Сведокот Романец признал дека бил пријателски настроен спрема Бугарите, но не спрема Македонците“, пишува весникот.
Следствено, градоначалникот Авор Маркис најмил официјален преведувач по име Даниел Сајмон.
Мансфилд, во сојузната држава Охајо, се наоѓа на речиси пола пат меѓу градовите Кливленд и Колумбус. Голем број Македонци се населиле во централниот дел на САД – во Охајо, Илиноис, Ајова, Мичиген и други сојузни држави – при крајот на 19. и почетокот на 20. век.
Во местата каде Македонците кои биле застапени во поголем број, македонскиот јазик се употребувал и како официјален во локалната самоуправа, а во судовите иако поретко сепак се користеле преведувачи по македонски јазик.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?