ОВА Е НАЈУЖАСНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ВИЕТНАМСКАТА ВОЈНА! Масакрот во Мој Лаи! СИЛУВАНИ МЛАДИ ДЕВОЈКИ И УБИСТВО НА ДЕЦА, ОСАКАТУВАЊЕ НА БЕБИЊА….

На денешен ден 16 март, 1968 година е извршен масакрот во виетнамското село Мај Лаи. Едно од најужасните злосторства извршени од американската војска за време на Виетнамската војна. Во масакрот беа убиени повеќе од петстотини луѓе, меѓу кои и млади девојки и жени кои претходно биле силувани и осакатени.

Американските воени офицери го прикриваа масакрот една година пред првпат да биде објавен во американскиот печат, што предизвика меѓународна осуда.

Бруталноста на масакрот во Мој Лаи и официјалното прикривање го поттикнаа антивоеното расположение и повторно го подели народот во Соединетите држави околу војната во Виетнам.

Компанијата „Чарли“, дел од 11-та пешадиска бригада на американската армија, беше испратена во селото Мај Лаи на 16 март 1968 година во „мисијата за пребарување и уништување“.

Кога стигнале во селото рано наутро, војниците, предводени од поручникот Вилијам Кели, не нашле членови на Виет Конг, наидоа на мирно село со невооружени селани.

Селаните беа поделени во групи, а војниците ги пребаруваа нивните колиби. Набргу потоа, поручникот Кели им наредил на своите луѓе да пукаат врз локалното население. Самиот Кели, според подоцнежните сведоштва, застрелал голем број од селаните.

Запалени се колибите во селото, а секој што ќе се обидел да побегне бил застрелан.

Освен што убиле невооружени мажи, жени и деца, војниците силувале непознат број жени, убиле добиток и го запалиле селото до темел.

Според американските војници, Кели одвлекол десетици луѓе во блискиот канал, меѓу кои имало и деца, пред да ги убие со автомат. На членовите на компанијата „Чарли“ тој ден кај Ми Лаи не беше испукан ниту еден истрел од старна на мештаните.

Колин Пауел: Се е измислено!

Пред воениот суд беа обвинети само 26 учесници во масакрот. Само шест случаи стигнаа до судот.

Само поручникот Вилијам Кели беше осуден, но неговата доживотна казна затвор беше заменета со „куќен притвор“ три дена подоцна.

Новинарот Сејмур Херш беше првиот кој известуваше за масакрот во селото Мај Лаи. Тој ја доби Пулицеровата награда во 1970 година за известување за масакрот.

Полицаецот Колин Пауел, кој ја водел официјалната истрага, тврди дека сето тоа било измама. Подоцна, тој ќе остане запаметен не како првиот афроамерикански државен секретар на САД, туку како човекот кој на 5 февруари 2003 година, пред Советот за безбедност на Обединетите нации, мавташе со епрувета полна со мистериозен бел прав: наводен доказ дека Ирак поседува „оружје за масовно уништување“.“, што ќе стане алиби за војната што САД ќе ја водат против оваа земја.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа