ДАЛИ ГАШИ ДОБИ БОМБИ ОД ЗАЕВ ЗА ДА ГО СРУШИ ДУИ?

78



Претседателот на Алтернатива Африм Гаши се огласи преку Фејсбук за средбата со експремиерот Зоран Заев во Струмица. Според него, вистинското прашање e зошто и по чиј налог го селдат службите на СДСМ и на ДУИ?

 

„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, напиша Гаши.



Претходно, Скендер Реџепи-Зејд, кој е независен пратеник откако се отклони од матичната партија Алтернатива, на Фејсбук објави фотографија од средба помеѓу Гаши и Заев во Струмица, прашувајќи: „Прашање за 1 милион евра –  што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа