Божиновски до Агелер: Ве гледам често на фотографии со наши корумпирани функционери вмешани во афера процесуирана во Њујорк за кои не изустивте ни збор откако дојдовте

142



Драга и почитувана амбасадорка АГЕЛЕР,

Сметам дека преголем залет земавте од САД, пред да дојдете на мисија во Нашата земја. Многу јаки најави прочитавме од вас во тој период, уште непристигнати во земјава. Главна тема во тие најави беше силната и темелна борба против корупција, што беше тема и откако дојдовте во Нашата земја, а еве вчера видовме дека држите тензија…

Во меѓувреме огромна врева се крена по повод доелтување во Скопје на некаква екипа од САД која доаѓа за борба против корупција во Нашата земја. Толку јако дојдоа што напите корумпирани функционери исцркаа од радост што ќе бидат процесуирани! Ама, шала комика било тоа. Помисливме, а јас сум меѓу тие кои помислија дека еве ГОТОВО Е, ќе ги збришете од јавност и ќе помогнете носителите на јавни функции длабоко инволвирнаи во корупција да завршат во притвор, па на суд, па затвор…

 

Испадна дека сме биле во заблуда, дека таа екипа дошла за да собере информација за неколкумина овдешни бивши носители на високи јавни функции, за нивни пласман на ЦРНА ЛИСТА во САД. Што мене и на повеќето кои разбираме што тоа значи, воопшто не ни е важно и ништо нема да ни промени квалитативно, оти и нашите бивши политичари кои активно се на вашата ЦРНА ЛИСТА, непречено се или на функции во Владата на Нашата земја или се пратеници во Собранието на Нашата земја. Паралелно имаат двојни државјанства, пребогати се од корупција, тераат бизниси непречено. Е не можат да патуваат во САД! Па што? Ни јас не можам, а не сум на ЦРНА ЛИСТА. Ограбен сум, како и 90% од моите сограѓани и сожители, па од економски причини не можеме да си дозволиме задоволство да престојуваме во САД, да го видиме Дизниленд. Да не споменувам какви филтри и какви проверки вршите за да се дојде до Нејзиното Величество Виза за САД!

 

Вашиот неколкумесечен престој во Нашата земја мене ми личи на туристичка посета зачинета со средба со богати и корумпирани функционери од Владата и Собранието на Нашата земја. Ми личи по малку и на дипломатска мисија, оти се фотографирате и во просториите на амбасадата на САД, во кабинет во кој се фотографираа и вашите (не)славни претходници, од кои поединци од овој простор заминаа како мултимилионери, па денес тераат вносни бизниси.

Ве гледам често на фотографии со наши корумпирани функционери, со ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, АЛИ АХМЕТИ, АРТАН ГРУБИ, БУЈАР ОСМАНИ и слични. Вмешани се во најголемата афера на балканските простори, аферата МАЃАР ТЕЛЕКОМ, инструирана од ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, коруптивно платена од ДОЈЧЕ БАНК, изведена преку МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, ЦРНОГОРСКИ ТЕЛЕКОМ и ХРВАТСКИ ТЕЛЕКОМ. Афера судена и пресудена во Њујорк, завршена со признание на вина од компанијата МАЃАР ТЕЛЕКОМ и од тројца директори ЕЛЕК ШТРАУБ, АНДРАШ БАЛОГ и ТАМАШ МУРВАИ. Едниот, Атила Сендреи избега со 80 милиони евра од Нашата земја, промени идентитет и мирно живее во Србија…

Од тој процес во САД, вашите власти испорачаа два судски предмети, едниот во Подгорица, вториот во Скопје. Во Црна Гора се води процес по тој предмет, во Нашата земја никако да започне. Ниту вашите претходници амбасадори, ниту вие откако дојдовте еден единствен збор не изустивте за покренување на тој судски процес од мртва точка. Инсталација на обвинителот ИСЉАМ АБАЗИ за шеф на ЈО за ГОКК, мене ми е индикатор дека нема ни во иднина да изустите збор на таа тема.

Го посетувате Кривичниот суд Скопје, го посетувате Јавното обвинителство, подарувате опрема за модернизација на работењето на овие две институции, ама не прашувате и не се изјаснувате за (зло)употребата на АКМИС системот кој веќе беше дониран од страна на екс амбасадорот на САД, ЏЕС БЕЈЛИ, малку време беше користен па исклучен од употреба, па пак беше вклучуван, зависно од дневно политичките потреби на нашите корумпирани политичари, кои упорно се вмешани во кривично правни процеси во нашето унесреќено правосудство…

Молчите на околу 20на испратени меил пораки од мене до вас, со барање за ваша изјава или изјаснување на амбасадата во врска со тие меил пораки, поврзани со корупција во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, ТЕЛЕКОМ ЦРНЕ ГОРЕ, МАЃАР ТЕЛЕКОМ и ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ!

Молчите и на моите објави дека Нашата земја има премиер кој лажно тврди дека завршил средно училиште во ,,малото гратче ВОТЕРВИЛ во САД…,,. Ако Ковачевски завршил средно школо во вашата голема држава, јас како негов сограѓанин од Куманово тој податок ќе го знаев, бидејќи темелно ја следев кариерата на неговиот татко кога беше градоначалник и неговата соработка со тогашниот МУЛТИ КОРУМПИРАН амбасадор на САД, ЛОРЕНС БАТЛЕР. Ако младиот Ковачевски ,,завршил средно школо во малото гратче Вотервил во САД,, денес ќе знаеше течно да зборува англиски јазик и правилно ќе знаеше да пишува англиски. Не ќе бевме исправени пред факт – неговиот претходник Зоран Заев подобро да знае англиски од американскиот бивш ученик Ковачевски.

Почитувана амбасадорка, немам ништо против вашата дипломатска мисија. Многу ваши претходници и претходнички гласно дојдоа и тивко си заминаа. Така ќе биде и со вас. Не се лутам на вашето јавно однесување и на вашето игнорирање на моите барања за изјава или ВТОРО МИСЛЕЊЕ, како што го нарекуваат некои мои колеги овој институт. Јас само сакам да знаете дека јас не верувам во вашите најави за темелна борба против корупција, бидејќи гледам дека ништо не се случува во тој поглед, напротив, состојбите се влошуваат.

Знам дека Нашата земја е 8ма или 9та класа на земја во однос на земја каква посакуваат дипломати од висок ранг, неретко Нашата земја е казна за амбасадори кои ни доаѓаат од земји како САД. Нашата земја не е нешто репрезентативно во дипломатска смисла, не е нешто со што после завршување на вашата дипломатска кариера ќе се фалите…

Во прилог на ова мое обраќање ја објавувам последната маил порака која вчера ја добив од мојот дописник од Македонски Телеком. Во неа се дадени инструкции КАКО да тече процесот на пресметка со кадар во Телеком, како да бидат одстранети стручни луѓе од Телеком, како им биде пресудено пред да бидат исфрлени на улица. Имате име и презиме на ПРОЕКТ МЕНАЏЕРИ кои се занимавале со тие пресметки, имате име и презиме на МЕНАЏЕР од Хрватска кој смислил модел за пресметка со стручниот кадар во Македонски Телеком и Телеком Црне Горе.

Бруталната пресметка со луѓето кои претходно вредносно напредувале во кариерата и се искачувале во хиерархија според стручност, во Нашата земја во Македонски Телеком ја предводел актуелниот премиер, одредил и менаџерка (ЕМИЛИЈА АНДОНОВСКА) која тој процес го раководела, па и Ковачевски и Андоновска за таа брутална пресметка подоцна биле наградени со БОНУСИ! Крваво работеле против свои колеги, уништувале семејства, делеле откази, за тоа се наградени. А Ковачевски згора е награден и со премиерска функција од вашата земја. И од Германија!

Немојте да кажете дека во ,,малото гратче Вотервил во САД,, сте го учеле КОВАЧЕВСКИ на оваа бруталност!?

Со почит,

Зоран Буревесник Божиновски, новинар

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа