Русија има доволно ресурси да ја продолжи војната во Украина уште две години, објави Ројтерс. Агенцијата ја цитираше изјавата за новинарите во Вилнус на шефот на литванското воено разузнавање, Елегиус Паулавичиус.

Ресурсите што Русија во моментов ги има ќе бидат доволни за продолжување на војната со сегашниот интензитет уште две години“, рече Паулавичиус.

 

„Колку долго Русија ќе може да води војна ќе зависи и од поддршката за руската војска од земји како Иран и Северна Кореја. Но, ако погледнете што има Русија денес, како што се стратешки резерви, опрема, муниција, вооружување – тоа може да ја води оваа војна со нејзиниот сегашен интензитет уште две години“, додаде шефот на военото разузнавање, цитиран од БТА.

Литванските безбедносни служби денеска соопштија дека хакери поврзани со Русија и Кина постојано се обидувале да упаднат во компјутерите на литванската влада. Ова се вели во годишниот извештај подготвен од военото разузнавање и контраразузнавање на балтичката земја.

„Најактивните сајбер групи кои преземаат акција против Литванија се поврзани со Русија и Кина“, соопштија безбедносните служби.

„Нивниот приоритет останува континуираното долгорочно собирање информации поврзани со литванските домашни и меѓународни работи“, се вели во извештајот, пренесе БТА.