АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СПОМНАТ ВО КНИГА НА ИТАЛИЈАНСКИ ХУМАНИСТ ОД 1539

Тезеј Амброџио Албонесе (1469 – 1541) е италијански хуманист. Негово најзначајно дело е книгата Introductio in Chaldaicam linguam, Syriacam, atque Armenicam and decem alias lingua, издадена во 1539 година
Во книгата се преведени црковни псалми од повеќе јазици, а се бележат и тогашните јазици и азбука која народите ја користеле како средство за писмена комуникација.
Тезеј Албонесе во неговата книга прави јазична и азбучна паралела помеѓу повеќе јазици како латински, грчки, далматински, сиријски, арапски, еврејски… вклучувајќи го и македонскиот, кој е наведен како посебен јазик, различен од грчкиот, српскиот и бугарскиот.
Запишано е дека на почетната страница од книгата авторот Тезеј, словенските писма ги дели во група (кирилични) и група (глаголски) писма. Во првата група спаѓаат кириличните писма, од словенската школа произлезена од Македонија, додека во втората група спаѓаат глаголските писма (илирицата и далматицата) напишани од Свети Јероним од Стрибона, во 4-ти век од нашата ера. Хеленското писмо е исто поделено во повеќе видови, а нагласено е дека се користи од различни народи.
Понатаму повеќекратно се споменува македонскиот јазик. (с.с.Историска белешка)
All reactions:

8

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа