Кога пред повеќе од 100 години угнетените жени на Запад се организираа да ги бараат своите ускратени права МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА скромно и стамено го чуваше достоинството на сите жени во светот.

Кога пред повеќе од 100 години угнетените жени на Запад се организираа да ги бараат своите ускратени права МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА скромно и стамено го чуваше достоинството на сите жени во светот.
Дотерана како благородничка, вредна како пчела, сакана како мајка, ценета како учителка, почитувана како кралица … домаќинка, ракотворка, економ, стопанка, претприемач, воспитувач, чувар на верата и традицијата.
СТОЛБ – на куќата и семејството оставено од мажот печалбар, мажот комита, мажот мајстор, овчар, ѕидар, трговец … воин.
КРЕПОСТ- тврдина на која се крепела Македонштината.
Додека Клара Цеткин и Роза Луксембург се расправале со машкиот шовинистички, западен, суров капитализам, во кој жените работнички беа само бројка без право на глас, во Македонија Кирјана, како претприемачка, продаваше вино, Билјана се расправаше со винарите, Тодорка од татка бараше пушка берданка, а Сирма војводствуваше со чета мажи кои и беа послушни и верни.
Подоцна, во исто време кога Елинор Рузвелт ги востоличуваше „човековите права“ во Обединетите Нации, Небеска Тимјановна заедно со многу Егејки најсурово почувствуваа што значи неправдата на светската политика.
Да не ја заборавиме и нашата света православна вера, во која сите мажи до земја се поклонуваме на најпочитуваната Дева, Мајка, Богородица, Владичица…Издигната на возвишен трон, најопеана и најпрекрасно живописана во македонските храмови. А ни велат дека тогаш сме биле конзервативни, патријархални и премногу ортодоксни. Сите Богородични празници, сите чествувања на жените светителки, секој наш „обичен“ ден е поосмомартовски од сите досегашни одбележувања на празникот во светот.
ЖЕНИ ОД МАКЕДОНИЈА, сега е друго време:комуникациско, електронско, виртуелно, глобализациско … и тоа така мора да биде. Ама не дозволувајте Вашата „еманципација“ да биде водена само од стандардите на „Вог“, „Плејбој“, „Пинк“, „Сексот и градот“… Бидете модерни ама бидете и СВОИ, не зборавајте го скромното и стамено достоинство на вашите баби кои тивко ги чувале женските права, во време кога на никој во светот не му било гајле за нив.
Вие сте ВИСТИНСКИТЕ ЕВРОПЕЈКИ од кои Европа допрва ќе има што да научи.
ЧЕСТИТ 8 МАРТ!
И сите други денови во годината нека ви бидат Празник, затоа што тоа го заслужувате ( од срце )
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа