Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш, Па не молчевме пред Груевски. Зошто молчиме пред Али Ахмети? Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти?

168



Знаете дека ве прават будали во очи?
Нели?
Мислам не е можно да не гледате.
По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза.
Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал се што ќе допрат, и се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија.
Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш,
Па не молчевме пред Груевски.
Зошто молчиме пред Али Ахмети?
Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти?
Или…?
(ФОТО) „Дрим тимот“ од ДУИ во канцеларија кај Артан Груби на антистрес дружба - 360 степени
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа

Please disable your adblocker or whitelist this site!