21
Санстефанскиот мировен договор е спогодба помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 година во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул.
Потписници на овој Договор се: Руското царство и Отоманската Империја. Со договорот се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава (Голема Бугарија) којашто траела неполни четири месеци, а во чиј склоп била анектирана цела етничка и географска Македонија за непречен излез на Русија на Македонското, Белото, Егејското Море.
Австро-Унгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор, неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.
Британскиот историчар A.Тејлор за договорот напишал: „Ако договорот од Сан Стефано останел во сила и Отоманската империја и Австро-Унгарија би преживеале до денес.“ (с.с Историска белешка)
All reactions:
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?