ЗБЕСНА „ОГНЕНИОТ“ МЕЏИТИ! Што е ова? Ахмети го постави Османи за координатор во Чаир

Демократската унија за интеграција го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, а одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Ваквата одлука доаѓа по тензичниот период внатре во партијата, која е поделена во две групи. Една е групата на владините функционери кои ги поддржува претседателот Ахмети, како што се Артан Груби и Бујар Османи, а другата е „огнената група“ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети.

Изет Меџити, кој претходно беше координатор на огранокот Чаир, денеска експресно реагираше дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи.

– Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи –  изјави Меџити во изјава за ТВ21.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа