Ниту еден од кандидатите не ветува добро за Европа
Александар Милер, пратеник во германскиот федерален парламент, тврди дека германските власти се преплашени од тоа кој би можел да го замени Владимир Путин на функцијата претседател на Русија.
И иако името на оваа личност е непознато, тие се сигурни дека новиот лидер ќе биде многу полош за Западот, пишуваат странските медиуми.
Мулер рече дека сега поддршката на Германија за Украина е доста голема. Како пример, тој го посочи снабдувањето со тенкови Леопард 2 за потребите на вооружените сили на Украина.
„Но, ние се плашиме и од она што ќе дојде по Путин. Ако Путин одеднаш ја загуби власта, тие што ќе дојдат по него нема да бидат подобри“, вели политичарот.
Тој истакна дека ако победи Украина, сигурно ќе има сериозни промени внатре во Русија, но невозможно е да се предвиди што. Политичарот призна дека некои региони ќе станат сепаратистички и ќе се одвојат од земјата, но тоа не е сигурно.
Како можни наследници на Путин како претседател, тој ги именуваше Дмитриј Медведев, шефот на ПВК „Вагнер“ Евгениј Пригожин и началникот на Генералштабот Валери Герасимов. Сите кандидати, според него, се полоши од актуелниот шеф на Русија.