Слушаме денес бугарски теории дека Методија Андонов – Ченто “сигурно бил бугар штом бил затворан во Југославија од комунисти”.
Кажете им дека на сликата е Ченто во бугарски затворенички логор Чучулигово, Петричко, во 1942 година, казнет од бугарскиот фашистички окупатор, затоа што активно бил против бугаризирање на македонското општество – како видна еснафска личност во Прилеп бил поканет да соработува со бугарската власт, тој одбил, а се активирал во отпор против бугарска окупација.
Ченто е Македонец кој се борел за обединета самостојна Македонија, не за српство ни бугарство.
Во 1940 и 1941 е затворан од кралска Југославија за организирање демонстрации за воведување мајчин македонски јазик во училишта.
Во пост-воена Југославија, како прв претседател на Македонија, влегол во конфликт со централистичките власти во Белград за желбата обединување на Македонија и барање поголема независност на републиките. Во 1946та беше осуден за сепаратизам на 11 години затвор, од кои одлежа 9, по што по кратко почина од рак како 54 годишен.
Во неполни 10 години, Методија Андонов Ченто за желбата обединета самостојна Македонија е осудуван затворски казни од три различни држави: кралска Југославија односно Србија (во 1940), фашистичка Бугарија (во 1942) и социјалистичка Југославија (во 1946). Беше активен борец за македонски права против тие три држави од 1935та до неговата смрт во 1957ма.
Ченто, вечна му слава и лесна му света земја македонска, е син македонски, пример за македонски отпор и македонската желба за слободна Македонија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?