А бе каква ЕУ, дочекавме леб да нема да купиш Ај пробајте ова. Името што го сменивте леб не ни дава очигледно Ама ако ги внесете Бугарите во уставот може ќе се наполнат полиците со леб преку ноќ. Не се знае. Па уште ако им потпишете дека сме Бугари, може ќе лапаме и чоколадо со лебот гратис.

Секогаш има некој крив за некоја пиздарија, ама кај нас, никогаш не се знае кој.
И не знам како, во 21 век, среде Европа, дочекавме леб да нема по продавниците. Празни полици, како во војна, како црна чума да поминала.
И нема крив за тоа. Никој не е крив. Лебарите велат власта, а таа вели лебарите.
Ама леб нема.
И народот пак го јаде…. ама не лебот, туку стапот.
А вистината е ова. Просто кажано.
Прво власта дозволи цените да рипнат до Марс и се правеше мутава дека има инфлација. Рипаа цени секој втор ден, они кобајаги покачуваа плати за кикирики. Со прст не мрднаа да им влезат на производителите со мајагери, на оние по кафиќите што продаваат еспресо 100 или 120 денари. Посрана салата за 250. Да им речат чекајте бе, не може вака. На народов му ебавме мајката. И вие и ние.
Е сега идат избори и на власта и текна. Сега народот нас ќе ни ебе мајката, спуштајте цени.
Ама овие другиве се навлекоа на алчноста, да го пљачкаат народот и викаат не може. Цени не симнуваме. Убаво ни е вака.
Тоа е горе доле, муабетот со лебот. Сфаќате колку им се идиотски сега и бајките за ЕУ.
А бе каква ЕУ, дочекавме леб да нема да купиш
Ај пробајте ова. Името што го сменивте леб не ни дава очигледно
Ама ако ги внесете Бугарите во уставот може ќе се наполнат полиците со леб преку ноќ. Не се знае.
Па уште ако им потпишете дека сме Бугари, може ќе лапаме и чоколадо со лебот гратис.
За сите профитери, лихвари и шверцери во тешки услови за опстанок, нашите дедовци имаа елегантно решение. Стрелачки вод. Оди после пак кради од народот.
Затоа имаа држава.
А ова во кое ние денес живееме не е ни циркус, туку селски панаѓур.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа