БУГАРСКИ НАУЧНИК УШТЕ ВО 19 ВЕК ТВРДЕЛ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НАРОД СЕ ПОСЕБНИ И РАЗЛИЧНИ ОД БУГАРСКИОТ

Како Бугаринот Петар Драганов уште во XIX докажувал дека македонскиот е посебен јазик
24.10.2022
Петар Даниилович Драганов (1857 Комрат, Русија – 1928 Комрат, СССР) бил познат руски научник од бугарско потекло, филолог и славист и основоположник на изучувањето на македонскиот јазик во Русија, кој ја популаризирал идејата за посебен македонски јазик, за кој дознал за време на престојот во Македонија, каде што работел како професор во бугарско егзархиско училиште, но откако му станале јасни настаните на терен одбил да го промовира бугаризмот и престанал да работи. За македонскиот јазик пишувал најмногу во текот на 80-тите и 90-тите години на XIX век.
Кај Македонците има очајни Бугари и очајни Срби, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти, кои велат дека тие (Македонците, заб. на прев.) не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и Душан Српски.
Србите, а особено Бугарите, го презираат македонскиот говор и ме напаѓаат затоа што препорачувам некаква посебна македонска литература. Тие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека не ја измислив јас.
Познато е дека некои србомани, на чело со М. Веселиновиќ, во печатот ме клеветеа дека, наводно, во Солун сум ги препишувал примерите од српската народна поезија, кои ми беа доставени, на бугарски начин… Познато е и дека некои бугарски автори со егзархиски пропагандисти во Македонија констатирале (и во печатот) дека јас како чист Бугарин по потекло сум малку и недоволно Бугарин… некои дури тврдат дека сум лош Бугарин и дека сум ја продал бугарската кауза.
Голем дел од она што веќе го имам испечатено за македонскиот говор… и она што допрва имам намера да го испечатам на оваа тема, јасно покажува дека многу го сакам тој говор и му посакувам, спротивно на српските и бугарските желби, долговечност и, ако сакате, литературен развој. Во исто време, давам многу докази дека Србите, а особено Бугарите, едноставно го презираат тој говор и ме напаѓаат дека не се однесувам со почит и доверба кон нивните големи политички идеи и како да препорачувам некоја посебна македонска литература. …Овие свињари не знаат дека литературата на македонски говор е факт, колку и да е мала, и дека јас не сум ја измислив. Зарем јас ја отпечатив збирката на браќата Миладиновци (не е важно што Хрватите во Загреб ја објавија како „бугарска“, со глупаво и наумесно Ѫ)? Дали јас го измислив јазикот и тенденциите на Пулески, Шапкарев, А. Ресенец, Партение Дебарски, во споредба со кои јас и Дринов, како и Верковиќ и Сирко сме странци…
Бугаринот Петар Даниилович Драганов (1857-1928) е доследен македонолог и основоположник на македонистиката во Русија, афирматор на македонската национална свест, на македонскиот јазик и литература, на македонскиот фолклор и етнографија и на македонската историја и култура на крајот од XIX и почетокот на XX век.
Објави Македонски документи у Србији.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа