ВЕСНИКОТ МАКЕДОНИЈА ВО ПАРИЗ 1905 – 1906
ВИСТИНИ ЗА КОИ СОВЕСТА НА ЕВРОПА БИЛА ЗАТВОРЕНА
Во Париз, во февруари 1905 година, излегол првиот број на весникот „Македонија“. Весникот Македонија се печател до декември 1906 година. Објавени биле 46 броеви.
Целта на весникот Македонија била да се запознае француската и воопшто европската јавност со положбата, настаните и судбината на етногеографска Македонија.
Главен и одговорен уредник на весникот Македонија бил францускиот новинар и публицист Жорж Голи.
Забележано е дека весникот Македонија ја следел политиката и позицијата на највлијателните западни држави во однос на Македонското прашање, политиката на соседните балкански држави спрема Македонија, внатрешната политичка ситуација во етногеографска Македонија, односот на османлиската власт спрема актуелните внатрешни меѓуетнички и меѓуверски односи на различните заедници како и судирите, разбојништвата и зулумите од вооружените чети на соседните балкански држави.
Во последниот број на весникот Македонија, а во врска со прекинувањето на излегувањето на весникот редакцијата известила: „ Целта ни беше да пренесеме одредени вистини за Македонија за кои совеста на Европа беше затворена. Тие вистини денес се познати и прифатени“.с.с. Историска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?