Да им ги појасниме некои нешта на нашите и на оние не толку наши, мили ем драги комшии, поврзано со апостолот Гоце Делчев! Гоце Делчев е војвода од висок ранг, инспектор на вооружените формации на Македонската револуционерна организација, на комитските чети.
(1) Гоце Делчев отсекогаш зборувал Македонски јазик. Можеби зборувал и български, затоа што течно зборувал турски јазик, а българскиот и турскиот јазик се многу слични јазици. Зборуваме за вистинскиот български јазик, не за тракискиот јазик на нашиве мили ем драги комшии!
(2) Гоце Делчев учел во Солунската егзархиска гимназија, а не во Солунската българска гимназија!
(3) Гоце Делчев не учел во Българско воено училиште! Гоце Делчев учел во Софиското воено училиште, кое во тоа време е во рамките на воениот образовен систем на Отоманската Империја, а не на некоја Българија! Тогаш Българија е вазално Кнежевство на Отоманската Империја, се’ до 1908 година! Во Софиското воено училиште учеле и муслимани и Турци! Еден од нив е Мајорот Тефик, соученик и пријател на Гоце Делчев од Софиското воено училиште, подоцна командант на воената акција за елиминирање на Гоце Делчев. Мајор Тефик го познавал Гоце Делчев лично и другарувал со него. Точно знаел како изгледа. Во разузнавањето на Отоманската Империја немале фотографија на Гоце Делчев, затоа што Гоце Делчев никогаш не се фотографирал кај браќата Манаки. Токму затоа акцијата ја предводел офицер кој лично го познавал Гоце Делчев, кој можел неговиот идентитет да го потврди!
(4) Гоце Делчев не бил български учител, туку егзархиски учител.
(5) Гоце Делчев не создал никаква българска организација! Гоце Делчев членувал во веќе создадената Македоно-Одринска Револуционерна Организација, создадена и именувана според границите во кои требало да се формира МАКЕДОНИЈА како вазално кнежевство на Отоманската Империја, врз основа на членот 23 од решенијата на Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година.
На Берлинскиот Конгрес за Македонија е определен статут на вазално Кнежевство на Отоманската Империја – Кнежевство кое би се простирало од Одрин до Драч и од Призрен до Лариса, со главен град Солун, на чело со Принцот Харалд од Данското Кралско семејство, со титула Кнез. Тие решенија се потврдени од големите сили, во прв план Руската Империја и Велика Британија. За жал, како и секогаш, Велика Британија прави бројни “византиски игри“ со цел да не се остварат договорените решенија. Во услови кога Руската Империја мора да се повлече од Константинопол, Тракија е во посебно Кнежевство наречено Источна Румелија под директна управа на Руската Империја, управувано од Генерал Губернатор одобрен од Рускиот Император!
Западните сили, во прв план Велика Британија, Франција, Австрија … се плашеле од вековната руско-данска соработка. И во најлошите меѓудржавни односи, Кралството Данска секогаш им овозможувала на руските империјални воено-поморски сили, како и на руската трговска флота, безбеден излез од Балтичкото Море, пред се’, од пристаништата на Санкт Петерсбург кон Атлантскиот Океан! Таа слобода на пловидба, Руската Империја и Кралството Данска, мошне цврсто ја имале решено со највисоки дипломатски акти од взаемен интерес!
Велика Британија се плашела дека, македонскиот брег на Егејското Море, контролиран од Кнежевството Македонија, од Волос па се’ до устието на реката Марица, многу лесно ќе биде на располагање на интересите на Руската Империја, што за Британците е најлошиот можен сон, особено ако се земат во педвид руските тајни истории, каде децидно се укажува дека Првиот Владимир, во превод Господар, Владетел на светот, е всушност Александар! Владимир кој ја основал Киевска Русија е Македонец по потекло, од македонските војници и офицери, кои по поразот од Рим, се селат далеку на север, каде низ вековите организираат држави и царства, чии владеачки династии се потомци на македонските офицери и војници, меѓу другите и Кралството Данска. Се разбира, таквите приказни Западот ги негира…
Значи, Македоно-Одринската Револуционерна Организација имала за задача да го подигне народот на востание, за конечно да се применат одредбите од членот 23 од решенијата на Берлинскиот Конгрес од 1878 година! Затоа и мислата водилка на македонските револуционери била – Автономија за Македонија! Оттука се гледа дека Македонската тајна организација, во далечната 1893 година, всушност е основана со цел да се раздели Македонија од Кнежевството Българија, кое 1885 година се обединува со Кнежевството Источна Румелија! Но, основно прашање е, зошто българските револуционерни комитети тогаш не ја обединија Македонија кон “матицата“ Българија? Иако сите го знаеме одговорот. Всушност, едни на диво организирани “револуционери“ го симнуваат од власт назначениот Кнез на Кнежевството Источна Румелија и објавуваат обединување со Кнежевството Българија… Тоа обединување е иницирано од западното разузнавање, се’ со цел да се избрка Руската Империја од Балканот. Одговорот на Руската Империја е создавањето на Македонската Револуционерна Организација со изричито барање за примена на решенијата од членот 23 на Берлинскиот Конгрес од 1878 година…
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?