НАПАД НА УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НА БЕЛГОРОД: Во пламен складиштето за нафта, соборени четири дронови! Утрински напад ВИДЕО
Руските медиуми објавија дека украински беспилотни летала го нападнале градот Туапсе во Краснодарската област во Русија на брегот на Црното Море северно до Сочи за прв пат од почетокот на војната во Украина.
Инаку, градот сместен на брегот на Црното Море е оддалечен 430 километри од линијата на фронтот.
како што пренесуваат медиумите, два украински беспилотни летала, најверојатно слични на оние што рано утринава паралелно го нападнаа и Белгород, удриле во складиште за нафта во близина на градот.
Следеа две силни детонации, проследени со пожар и густ црн чад кој го зафати градот.
Инаку, цел на нападот бил Белгород, каде биле лансирани 4 украински беспилотни летала, од кои три паднале поради примена на мерки за електронско заглавување, додека еден бил соборен од ПВО.
Еден од дроновите, кој беше соборен од мерките за заглавување, падна на градските улици.
Курир.рс/А.Млакар