Мицковски до Ковачевски: Кукавицо ни една, покажи докази дека сум ти го напаѓал семејството

„Кога човек е слаб, немоќен и кукавица, тогаш, за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство”, возвраќа Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Во продолжение на својата реакција на Фејсбук, Мицкоски пишува:

„Денес на прес конференција Ковачевски ме обвини дека сум наредувал недолични напади врз неговата сопруга и неговата ќерка. Сите кои ме познаваат знаат дека тоа не е моја одлика, станува збор за безочна лага и навистина жалам што политичката комуникација се сведе на толку ниско ниво. Почитувана македонска јавност, во интерес на вистината го повикувам Ковачевски веднаш до обвинителство да достави докази и истите да ги покаже јавно, а доколку тоа е така како што тој тврди, јас веднаш се повлекувам од политиката. Доколку тоа не го стори, многумина ќе очекуваат да го тужам и правдата за оваа лоша лага да ја барам на суд… Но, тоа нема да го сторам, овој човек што го вовлекува своето семејство не заслужува такво внимание, поради што и сум и вистински згрозен. Воедно, јас нема себе си да се прикажувам за жртва, поради тоа што на моето семејство му се доделуваат невкусни ептитети и тоа токму од инсталициите на власта, оние кои управуваат медиуми и тие кои добиваат пари од истите, тоа што се инволвираат членови на моето семејство во црна кампања, мојата сопруга, мајка, татко, сестра, тоа што се подметнува наводно скриен имот кој не е мој итн, итн. Јас нема да говорам за сето ова, зошто мојата решеност да одам до крај и да се борам за иднината е поголема од секоја нивна слабост и подмолност. А вам две дами Ковачевски, не Ве познавам и сакам од срце да ви се извинам што морате ова да го читате. Имате мој наклон до земја. Со ништо не сум сторил нити ќе сторам да ја повредам вашата чест и достоинство, ниту на памет ми паднало семејства да вовлекувам во дневна политика. Ви посакувам бескрајно многу здравје и сила ова да го издржите. Знам што е да си сопруг и родител. И јас за моето семејство ќе сторам сè во животот, затоа го почитувам секое друго семејство, затоа што знам дека тоа му значи на некого онолку колку моето мене ми значи, а ми значи СЀ на светот.”

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа