Снаи, синови, ќерки и сопруги на политичари, судии и обвинители положија за да гонат и судат луѓе што крадат марули и ќебапи

 

Речиси  18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит. Меѓу листата има и многу звучни имиња.

Па, така, од политичкиот свет иден судија или обвинител ќе биде Барлет Џафери, син на Талат Џафери – претседател на Собранието. И Билјана Иванова, снаа на Цветанка Иванова, која е собраниска генерална секретарка, котира високо на ранг-листата и ќе извршува функција во правосудниот систем. Во оваа листа го има и името на Симона Муцунски-Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски – градоначалник на Аеродром.

Најмногубројни успешни слушатели на Академијата, кои ќе делат правда, се ќерките, синовите и сопругите на сегашни и поранешни обвинители. Највпечатливо е името на Албулена Абази, сопруга на Ислам Абази – новоизбраниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција, кој се повлече од Управниот одбор на Академијата за да не фрла дамка врз кариерата на идната судијка или обвинителка. И Билјана Смаќоска, ќерка на Гордана Смаќоска – пензионирана обвинителка која гонеше организиран криминал, успешно го поминала испитот. Малку послаб во знаење бил Драган Јосифовски, син на Елизабета Јосифовска – ексобвинителка во СЈО, сега во Обвинителството за гонење организиран криминал, но и тој е иден судија или обвинител.

Текстот во целост на Макфакс

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа