Русија го удвои бројот на своите воени бродови во Црното Море, соопшти украинската армија, предвидувајќи дека ова можеби е подготовка за нови ракетни напади, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА.

Агенцијата забележува дека руската Црноморска флота редовно истрелувала проектили кон Украина од почетокот на војната пред една година.

 

Украинската војска соопшти дека бројот на руски воени бродови во Црното Море вчера се удвоил на осум. Еден од тие бродови, фрегата, е вооружен со осум ракети Калибар, додаде таа, без да го наведе изворот на податоците.

Минатата сабота Украина соопшти дека Русија лансирала четири вакви ракети од Црното Море, од кои две биле соборени, потсетува Ројтерс.