Наместо да краде македонска историја, Бугаринот Топалов да си разјасни: кои се, што се и од кај се дојдени Бугарите на Балканот?!

„Кога членовите од бугарскиот тим во заедничката историска комисија треба да се сретнат со македонските колеги задолжително земаат таблети за смирување.“ – рекол бугарскиот историчар Кирил Топалов, кој е дел од бугарскиот тим.

Во интервју за БНР, тој говори, како што вели, „за проблемите што ги имаат со македонските колеги“. „Ти им велиш дека 2 и 2 се 4, а колегите ти велат дека се 5. Што да очекуваш освен да губиш нерви. Ни велат дека Самоил бил македонски цар, а не бугарски. Кога ги прашавме што значи тогаш камената плоча во Битола не знаеја што да одговорат. Некои од медиумите дури објавија дека тоа не е вистинската плоча, туку оти Бугарите ја направиле. Многу е тешко да се зборува со македонските колеги.“ –  се „пожалил“ Топалов.

Според него, кога зборуваат за различни прашања, како на пример „Охридска архиепископија која што ја основал Василиј Втори и ја нарекол ‘архиепископија на цела Бугарија’, македонските колеги им велеле дека треба да настапуваат мултиперспективно“, што значи дека секоја од страните може да ги толкува историските настани како што сака. „На прашањето дали може за едно бело платно, ако го гледаш мултиперспективно, да кажеш дека е црно, ни рекоа ‘да’, ако имаш аргументи“. Ете такви разговори водиме со нив.“ – изјавил Топалов.

Професорот Топалов залудно се пенави да докаже дека македонскиот идентитет е дел од бугарскиот идентитет, оти македонската историја е дел од бугарската историја и тој може да им „соли памет“ единствено на „мултиперспективните“ македонски историчари, кои така се нарекуваат, но којзнае што се, штом не знаат со аргументи и факти од своите научни студии и истражувања не да се бранат, туку со противнапад да возвратат на сите бугарски божемнонаучни фалсификати, ставени во служба на великобугарската врховистичко-санстефанска политичка агенда.

Наместо да ѕирка во туѓата, македонска историја и во туѓиот, македонски идентитет, му упатувам прашање на професорот Кирил Топалов: Што е тој и бугарскиот народ по етничко потекло – Оногундури, Иранци, Турко-алтајци, Фино-угри, Сармато-алани, или „мешани етнолингвистички луѓе“? Или се, можеби, „мултиперспективно гледано“, „повеќеслојни етнолингвистички луѓе“, од се по нешто земено од таа „етничка мешаница“ на разни етноси и раси, а на крајот се пишани како „Бугари“, народ  кој се уште не си го осознал својот етнички идентитет, ниту потекло од каде дошле низ вековите на Балканот?! Македонците се Македонци од искона, од најраните мугри на својата етногенеза и лингвагенеза, од почетокот на настанувањето како народ и од создавањето на македонскиот јазик, а Бугарите уште не успеваат да ги пополнат огромните дупки во конструкцијата на својот национален идентитет. Затоа, сега се обидуваат да присвојуваат од „македонскиот материјал“.

Пред да почне да се расправа таму со своите бугарски историчари-академици, кои самите си кажуваат дека не знаат кои се, што се и од кај се Бугарите, тогаш Кирил Топалов навистина нека почне да зема апчиња за смирување. И нека им „соли памет“ на своите колеги-историчари и други научници. И нека не се обидува попусто да спојува оган и вода, да прави „един народ“ од Бугари и Македонци, оти небото е небо, а земјата е земја, и тие се несоставливи!

Мр- Свето Тоевски

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа