По Марјан Доказ поднесена пријава и за Саше Политико поради говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани

Имено двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени но и нашето правно лице.

 

Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, при што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица .

 

Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица.
Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи.

 

Вчера лицети С.И преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајата на „јутјуберот“ Лазаров – девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран.

Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали.

Менаџмент на Канал 5 ТВ

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа