Нема никаква дилема. Јас можам да бидам и во опозиција..ако овие наши барања не се реализираат и повторно стагнира целиот процес, јасно е дека ДОМ ќе оди во опозиција, рече Маја Морачанин лидерката на ДОМ во емисијата „Аргумент плус“.
Таа рече дека ЦО на ДОМ пред два дена донеле одлука партијата да ја поддржат предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.
Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ:
-Да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата;
-Да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите
-Да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност.