Бојана Атанасовска распали по министерката за култура: Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека “Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?! Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?! Дали сте чуле за традиција?

No photo description available.
Министерке…
Јас не знам Вие со која музика растевте,дали од дома Ви кажаа дека “Макфест” е основоположник на македонската поп музика,дека ”Макфест” бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди,кои денес полнат концертни сали,и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив)
Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека “Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?!
Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?!
Дали сте чуле за традиција?
Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време,и завршува со Вас,дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори,изведувачи,и цела една фела,која со години вложува во македонската поп култура,која е идентификација и посебност на македонскиот народ….
Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи,Вие треба први да ги чувате и помагате!
Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа