НОВИ ТРОШОЦИ на грбот на народот: Државата не сака да ги плати а вие мора да извадите нови документи во кои ќе пишува Северна Македонија

Личните карти, пасошите, возачките дозволи и табличките на возилата со натпис „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година, без оглед на рокот на траење. Ако некој граѓанин треба да ги смени сите овие документи, како и регистарските таблички, треба да извдои 3.800 денари или околу 63 евра.

Плаќања за нови документи

Лична карта 20 ден. уплатница 190 ден. Вкупно: 210 ден.
Пасош 1.500 ден. Такса 200 ден Вкупно: 1.700 ден.
Возачка дозвола 280 ден. Такса 110 ден. Вкупно 390 ден.
Рег. таблички Вкупно 1.500 ден.

 

Граѓаните се жалат дека ова ќе им биде дополнителен финансиски товар.

„Граѓаните се навикнати да плаќаат сè сами, само нотар, нотар само граѓаните плаќаат за сè. Не е добро, но што да правиме“, рече еден граѓанин.

По 12 февруари следната година и возачките документи и таблички повеќе нема да важат. Според Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со други регистарски таблички од наведените, предвидена е глоба од 100 евра.

„Старите документи по 12.02.2024 година нема да важат без разлика кога треба да истечат. Со други зборови, границата нема да може да се помине со стар пасош, границата нема да може да се помине со стара лична карта, ниту ќе биде прифаќана како документ во институциите, а не може ни да се вози возило со стара возачка дозвола“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Промената на личните документи е обврска што произлегува од Преспанскиот договор со Грција за промена на уставното име, потпишан во 2018 година./Алсат.мк

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа