Според Алдо Зили, оваа грешка е направена и од аматери и од професионалци
Тестенините се едно од најлесните јадења за подготовка, но тоа не значи дека нема никакви суптилности во нивното подготвување, пишува The Mirror.
Со текот на годините, голем број готвачи открија многу од грешките што сите ги правиме кога се обидуваме да го подготвиме овој италијански специјалитет – од истурање на водата со тестенини во мијалник до сервирање на порцијата.
За среќа, повеќето грешки имаат брзи поправки. Истото важи и за можеби најчестиот од сите нив.
Според познатиот готвач и експерт за италијанска кујна Алдо Зили, кој работел со принцот Вилијам во младинската добротворна организација Centrepoint, оваа грешка ја прават и професионалци и аматери.